„5.353 денови до правда”: Сексуалните работнички на традиционален марш

 

„5353 денови до правда” е мотото на традиционалниот марш на сексуалните работнички кој започна пред спомен куќата на Мајка Тереза, во пресрет на одбележувањето на 17 декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.

Тие потсетија на полициската рација од 2008 година, кога 23 сексуални работнички биле уапсени и цела ноќ држени во полициска станица.

Тринаесет од нив, во 2009 година, со поддршка на ХОПС и Отворено општество Македонија, поднесоа тужба против МВР за институционално насилство и повреда на нивните права.

Оваа година сексуалните работнички добија пресуда од Стразбур со која се утврдува дека нивните човекови права биле повредени од македонските судови, бидејќи преиначиле пресуда без да дадат образложение.

Сексуалните работнички побараа хуман и еднаков третман од страна на државата базиран на принципот на почитување на човековите права, загарантирани со Законите и Уставот на Македонија и декриминализација на сексуалната работа.

15.12.2023 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега