Јакимовски: Нема повеќе субвенции за возачки дозволи
Младите карпошани повеќе нема да добиваат субвенции од Општината за возачки дозволи. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Советот на Општина Карпош гласаа против субвенции за возачки дозволи.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски информираше дека поради опструкциите од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Советот на Општина Карпош не биле изгласани бројни проекти од програмите за работа на општината за 2024 година кои предвидувале поддршка за младите во општината, меѓу кои и проектот кој предвидува субвенционирање на обука за полагање на возачки испит.
– Обврската на градоначалникот советниците и вработените во општината е да даваат поддршка на проектите на граѓаните и да се радуваат ако има среќни и задоволни граѓани. Општина Карпош во изминативе 12-13 години се потруди да дава поддршка на сите категории на граѓани. На пензионери, на младинци, на средношколци, на студенти, ученици, на децата од предучилишна возраст, на новороденчињата – изјави Јакимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа