ВИДЕО: Вака звучи кога српска турбофолкерка ја пее Витни Хјустон
Пејачката изведе (или барем се обиде) еден од најголемите светски хитови, но кога запеа, никој од студиото не знаеше за која песна се работи.
Српската турбофолк пејачка Маја Николиќ гостуваше кај Саша Поповиќ во емисијата „Народот прашува“. Во текот на емисијата таа воглавно говореше за претстојниот фестивал „Беовизија“ и потсетуваше на своите 25 награди од фестивалите.
Маја ја отпеа „I will always love you“ од покојната Витни Хјустон, која беше насловна нумера на филмот „Телохранител“ и песната „I will survive“ која во оригинал ја изведува Глорија Гејнор. Слушнете како звучат светските хитови во верзија на Маја Николиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа