Град Скопје: Не ја разбираме потребата од пласирање на лага за наводна загаденост на градот Скопје
За Град Скопје неразбирлива била потребата од пласирање на, како што велат, сензационалистичка лага за наводна загаденост во главниот град. Од Градот, со кој раководи Данела Арсовска веста дека Скопје е 10. најзагаден град во светот ја оценија за лажна. Според Град Скопје, главниот град не е ниту најзагаден градо во Македонија.
„Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21. век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого може да се проверат“, велат од Град Скопје по објавите дека воздухот е со висок степен на загаденост.
„Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото“, посочува Град Скопје.
За нив, најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово.
„Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на
https://waqi.info/“, велат од Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа