(ФОТО) Дизајнерката Ива Спасовска си призна дека раскинала со партнерот Бурак Биркан

 

Модната дизајнерка Ива Спасовска предновогодишно си ја отвори душата и реши јавно да открие нови детали за својот приватен живот. Овие предновогодишни вести и не беа баш очекувани. Сосема случајно, на социјалната мрежа Инстаграм во одговор на прашање од нејзините следбеници кажа дека немала партнер повеќе од три месеци. 

Дизајнерката Спасовска го кажа судбоносното да, на крајот на месец мај, годинава,  во најромантичниот град, Париз, Франција. Тогаш, таа оваа вест ја сподели со своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“. Нејзиниот партнер, Бурак Биркан ја запроси на најромантичното место во светот, покрај светкавата Ајфелова кула, токму во стилот на дизајнерката Спасовска.  

Но, нивната бајка траела само неколку месеци. Утрово дизајнерката кратко напиша: „Доста го игнорирав прашањево. Немам партнер повеќе од три месеци и темава да ја затвориме еднаш засекогаш“. 

 

Која е причината за нивната разделба, се уште не се знае. 

28.12.2023 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега