Новогодишно осветлување на битолскиот градски часовник
Градскиот часовник во Битола од синоќа е осветлен во боите на македонското државно знаме.
Во пресрет на Новата 2024 година, Општина Битола приреди уште една креативна содржина, илуминација во центарот на градот каде саат кулата е осветлена во боите на македонското знаме, карактеристични и за грбот на Општина Битола.
Инаку новогодишната програма поддржана од општината, денеска продолжува во Старата битолска чаршија и платото пред Офицерскиот дом со „Зимска приказна“.
29.12.2023 - 09:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа