Арсовска: Советниците седат и земаат паушал над 500 евра, а не гласаат одлуки
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 зборуваше и за советот на Град Скопје.
Таа рече дека советниците си седат и земаат паушал од над 500 евра, а не гласаат одлуки за граѓаните.
„Ако се кажало дека за граѓаните треба нови автобуси, јас не може 12 месеци по ред да ставам пред советот дека треба да изгласаат нови автобуси кои не загадуваат воопшто. 12 месеци да им кажувам дека овие граѓани заслужуваат да имаат квалитетен и брз јавен превоз“, вели Арсовска.
04.01.2024 - 23:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа