Денови на занаетчиството во Македонија

 

 

Во организација на Занаетчиската комора на Република Македонија денеска почнува манифестацијата „Денови на занаетчиството во РМ 2013“.

„Денови на занаетчиството“ стартуваше во 2010 година како резултат на соработката меѓу Занаетчиската комора на Македонија и германскиот партнер, Занаетчиската комора Кобленц. Целта на манифестацијата е да ги промовира потенцијалите на занаетчиството како фактор на економски развој, креатор на нови работни места, атрактивно занимање за младите и чувар на традицијата и културата.

Годинава ќе се доделат признанијата „Занаетчија на годината“ и „Признание за најуспешните“. 

17.12.2013 - 10:24
Фото: 
Капитал.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега