Новата мис Америка е воен пило

 

Пилотот на американските воздухопловни сили, Медисон Марш (22), втор поручник, стана првиот активен член на американската војска, кој победил на изборот за мис Америка.

Таа беше крунисана на церемонија во Орландо, во американската сојузна држава Флорида, објави „Скај њуз“.

Марш, која има диплома по физика и е студент на училиштето „Харвард Кенеди“ во Кембриџ, Масачусетс, ја претставуваше државата Колорадо.

На фејсбук-страницата „Мис Америка“ се наведува дека во слободното време таа е посветена на борбата против ракот откако мајка ѝ починала од оваа болест во 2018 година.

Исто така, се наведува дека таа е практикант во НАСА и добила стипендија за астронаути.

Има црн појас и во теквондо.

„Ова му покажува на светот дека жените може да постигнат сè. Девојките со кои се натпреварував се љубезни, интелигентни и талентирани луѓе, не се сомневам дека ќе ја водат Америка, без разлика дали е тоа политика, бизнис, филантропија, што и да е“, порача Марш на „Инстаграм“

16.01.2024 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега