Арсовска: Ги оставивте возачите со празни трпези, досега требаше да ги изгласате субвенциите
Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска им дава искрена и недвосмислена поддршка на синдикатите за исплата на субвенции на ЈСП за декември. Таа ги повика советниците да ги изгласаат субвенциите за да вработените во ЈСП земат плата.
„Тие својата плата ја имаат одработено, работат макотрпно. Зошто како советници не сте гласале за таа одлука, лицата кои седат во управниот и надзорниот одбор во ЈСП ве имаат гласано токму вас за советници“, нагласи Арсовска и додаде:
„Слушнав во медиумите дека партиски вработувања имало во ЈСП, се превработувало претпријатието, но вработувањата не се зголемени. Расчистени се оние кои не одеа на работа, оние кои што не работеа и никакви вработувања нема. Би сакала да ве повикам тука да гласате за вработените да можат да ја земат декемвриската плата затоа што ја заслужиле, многу ми е жал што не најдовте доблест ниту за вонредната седница да гласате возачите да ја стават на својата трпеза храната за време на празниците, она што сите можеа да го направат, да си ја однесат својата плата дома и да си ги платат сметките“, порача Арсовска.
Аровска посочи и дека освен во ЈСП, советниците во Град Скопје сакаат да креираат слична слика и криза и за дрги претпријатија.
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утрово од 9 часот се повлекоа во двете автобази во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Таму од 10:30 часот протестираат и го чекаат исходот од вонредната седница на Советот на Град Скопје на која ќе се расправа и треба да се одлучи за исплата на субвенции на ЈСП за декември во износ од 11 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа