Ковачевски: Овие избори нема да бидат помеѓу левицата и десницата, туку помеѓу Истокот и Западот
Овие избори нема да бидат помеѓу левицата и деницата, туку ќе бидат избори помеѓу Западот и Истокот, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски рече дека обично во светот на изборите се судираат политички партии од центарот и лево од центарот и политички партии од центарот и десно од центарот, но кај нас сега ќе има избори на кои ќе се соочат политички партии кои се за западна и за источна ориетнација на државата.
Ковачевски верува дека коалицијата на СДСМ ќе биде составена од сите партии, кои, како што вели, денес се дел од оваа проевропска и прогресивна коалиција, а граѓаните многу јасно укажуваат преку анкетите дека се за европска интеграција.
В четврток во 10 часот целата Влада ќе биде во оставка по што ќе настапи формирањето на техничката влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа