Најмалку три жртви во силниот земјотрес во Кина

 

Во земјотресот, рано утринава по локално време, повеќе од 120 згради се оштетени или се урнаа, а поради оштетување на инфраструктурата накратко беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Најмалку три лица загинаа, а неколку се повредени во земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што ја погоди кинеската автономна област Ксинџијанг Ујгур, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Ксинхуа објави дека едно дете е во стабилна состојба во локалната болница, откако полицијата го спасила од урната зграда. Медиумите објавија дека се евакуирани 12.000 луѓе.

Во земјотресот, рано утринава по локално време, повеќе од 120 згради се оштетени или се урнаа, а поради оштетување на инфраструктурата накратко беше прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 22 километри во округот Вукси во префектурата Аксу, во планинската гранична област меѓу Кина и Киргистан.

Жителите беа предупредени да се држат подалеку од оштетените куќи бидејќи главниот земјотрес беше проследен со 70 последователни потреси со магнитуда од 3,0 или поголеми, од кои најсилниот беше 5,3, иако температурите паднаа на минус 10 степени Целзиусови.

Спасувачите учествуваат во спасувачка операција во област која се наоѓа на околу 3.000 метри надморска височина.

Земјотресот бил почувствуван во целиот регион Ксинџијанг, како и во соседните земји Киргистан и Казахстан, а во главниот град на Казахстан, Алмати, неколку лица се евакуирани од своите домови.

23.01.2024 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега