90.000 војници, илјадници тенкови и авиони на северот на Европа: „Се подготвуваме за војна“

 

НАТО ќе мобилизира околу 90.000 војници за воените вежби кои започнуваат во февруари и ќе траат околу четири месеци. Воената вежба наречена „Steadfast Defender“ ќе биде најголемата воена вежба на НАТО во последните неколку децении, изјави американскиот генерал Кристофер Каволи по состанокот на Воениот комитет на НАТО на 17 и 18 јануари во Брисел.

Според врховниот командант на НАТО во Европа, подготовките треба да почнат веќе оваа недела. Поточно, од февруари до мај ќе се практикува алармирање и распоредување на национални и мултинационални копнени сили, како што дополнително објасни Каволи: „Со распоредување американски војници, НАТО ќе ја покаже својата способност да ја зајакне евроатлантската област“.

Вежбата ќе биде јасна демонстрација на кохезијата, силата и решителноста на НАТО алијансата за заемна заштита, рече Каволи, пренесува Дојче веле.

Соопштението доаѓа нешто повеќе од четири недели пред втората годишнина од руската инвазија на Украина на 24 февруари. „Се подготвуваме за конфликт со Русија и терористичките групи“, изјави претседателот на воениот комитет на НАТО, холандскиот адмирал Роб Бауер, по дводневното разгледување во седиштето на НАТО во Брисел. „Ако не нападнат, мора да бидеме подготвени“.

Според информациите на агенцијата дпа, сценариото на воените вежби е руски напад на територијата на НАТО, односно на некои нејзини членки – што доведува до активирање на член 5 од договорот за НАТО – кој ја регулира обврската да обезбеди помош на нападната членка, во која се наведува дека вооружениот напад врз една или повеќе земји-членки гледаат како напад врз сите.

На воената вежба учествуваат 31 членка на НАТО и земја кандидат Шведска. Според сопствените информации, Бундесверот, во „Steadfast Defender“ меѓу другото, ќе учествува во четирифазна вежба наречена „Quadriga 2024“.

Се очекува до крајот на мај повеќе од 12.000 германски војници да бидат во акција, особено да го практикуваат брзото распоредување на силите на источното крило на НАТО.

На пример, 10-та оклопна дивизија ќе користи различни рути од средината на мај за да префрли војници со борбени возила во Литванија и таму да демонстрира борбена способност преку воени вежби. Оваа балтичка држава е една од земјите кои се чувствуваат особено загрозени од Русија поради нејзината позиција.

23.01.2024 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега