50 највредни работници на Sport Life се закитија со награди

 

„Sport Life“ обложувалници, ја заокружија годината со резимирање на резултатите од работењето и воедно ги претставија своите највредни и најуспешни вработени во изминатата 2023 година. Вкупно 52-ца вработени од најразлични сектори, беа прогласени за најдобри и беа наградени со еднократен износ од 200 евра за својот успех и залагање во минатата година.

„Секоја година го прославуваме успехот и професионалното работење на своите вработени, и ги претставуваме нивните резултати. Нивните успеси ни даваат мотив за поставување нови и повисоки цели во работењето за следната година.“ – истакна менаџерот за Човечки ресурси на Sport Life – Александар Арсовски.

Најуспешните вработени се оценувани според резултатите во текот на изминатата година, во различни делови на работниот процес, и согласно однапред утврдени критериуми.

„Sport Life“ како водечка компанија во областа на игрите на среќа и спортски обложувалници, постојано вложува во развојот на вработените, преку обуки, тренинзи, стипендирање на студии, доделување редовни бонуси и награди како и можности за кариерно унапредување.

 

24.01.2024 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега