Битиќи: Ние нема да ги укинеме субвенциите за струја, ако дојде друга Влада прашајте ги нив
Струјата ќе остане субвенционирана до 1-ви јули, а за периодот потоа, вицепремиерот Битиќи не даде конкретен одговор.
„Има одлука за субвенционирање на електрична енергија до 30-ти јуни оваа година, а секако следната влада која ќе биде предводена од Социјалдемократскиот сојуз е спремна да направи одлуки во корист на граѓаните, а таква е и за субвенционирање на струјата. Ако дојде друга Влада, тогаш прашајте ги нив“ – Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања
Во моментов, субвенциите се намалени од 91 на 84%, а тоа доаѓа како резултат на стабилизацијата на берзанските цени, како и намалените трошоци на ЕСМ.
Со субвенциите надлежните се фалат подолго време како да ги даваат од свој џеб, па дури беше истакната и табела во сметките за струја, но во реалноста ова се пари од буџетот кој го полнат граѓаните и фирмите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа