Д-р Фадил Цана е нов директор на Инфективната клиника
Инфективната клиника има нов директор, потврдуваат од Министерството за здравство за „Сител“, кој пренесува дека на местото на досегашната директорка д-р Милена Стевановиќ за нов директор е назначен д-р Фадил Цана, инфектолог на клиниката.
Засега нема официјални информации зошто е сменета Стевановиќ, кадар од редовите на СДСМ, која раководеше со клиниката седум години.
29.01.2024 - 21:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа