Пожарникари и вработени во ЈП„Паркинг Кавадарци“ го пренесоа во Прилеп коњот со скршена нога на Плетвар

По апелот за помош од Здружението Шепи-2021, згрижен е коњот кој во близина на Плетвар беше удрен од несовесен возач и оставен на патот, извести градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

„Беше потполно мирен, се тресеше од шокот и од светлата на автомобилите што минуваа. Но, сепак ова исплашено и рането животно како да знаеше дека спасителите се тука и ќе му помогнат“, пишува Јанчев.

Тој упати благодарност до сите што учествувале во спасувањето на коњот.

Помош за животното пред 22 часа побарале од Здружението „Шепи 2021“.

29.01.2024 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега