Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски беше на увид на градежните работи на објектот, кој е карабина и треба да биде готов до почетокот на учебната година во септември. Тој оценува дека напредува изградбата на новите училници во оваа основно училиште.
„Со доградбата на овие училници создаваме услови за 100 нови ученици кои наставата ќе ја следат од пријатни и осветлени простории. Со доградбата се планира и скалишно јадро кое треба да го олесни пристапот до новата доградба, а лифтот ќе им обезбеди непречен пристап и на учениците со потешкотии во движењето“ изјави Герасимовски.
Воедно појаснува дека проширувањето на капацитетите во ООУ „Коле Неделковски“ се прави по цели 66 години и со истата се планира и пристапна рампа во приземниот дел покрај скалишниот пристап како и од задниот дел на објектот. Во внатрешниот приземен дел ќе има и тоалет за лица со инвалидитет додека веќе постојните санитарии ќе бидат наменети и за новиот дел од доградбата.
Герасимовски најавува дека Општина Центар ќе продолжи да вложува во унапредување на условите за воспитување и образување на децата според модерни, европски и светски стандарди.