Денеска имаме топло време - температури до 17 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе достогнат до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура изнесува -2 степени, а дневната ќе достигне 14 степени.

Утре времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Дневните температури ќе се движат од 12 до 20 Целзиусови степени.

04.02.2024 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега