Спасовски: Гоце Делчев е симбол на неуморната борба за правдата

 

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на ФБ објави честитка по повод 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Гоце Делчев е симбол на неуморната борба за правдата, еднаквоста и слободата. Неговите лик и дело остануваат вечна инспирација за сите нас, потсетувајќи нè на значењето на храброста, жртвата и непоколебливоста во борбата за национални идеали и вредности.
Великанот Делчев е втемелен како неприкосновен водич за нашата заедничка обврска – да ја чуваме и негуваме татковината, да ја интегрираме во цивилизираниот и напреден свет – како дел од НАТО, во сојуз со демократските земји и дел од ЕУ, таму каде што природно припаѓаме, во европското семејство.
Во тој дух се неговите зборови искажани во Преспа, во далечната 1901 година: „Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“
Нека овој ден ни биде потсетник на нашата заедничка обврска да градиме општество во кое владеат мир, правда и почитување на човековите права и слободи. Нека несебичната посветеност на Делчев кон идеалите на слободата ни послужи како водич во нашите секојдневни напори за постигнување на праведно, просперитетно и европско општество.
Нека му е вечна слава!“, напиша Спасовски.

04.02.2024 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега