Министерот Шакири со порака до студентите: Стипендиите се исплатени, концентрирајте се на испитите

Министерот за образование, Јетон Шакири, денес се огласи на својот Фејсбук профил со порака до студентите, по најавениот протест.

Драги студенти, додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија, сите вие студенти кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба. Искрено сакам да изразам благодарност до сите сектори низ кои се одвива процесот на стипендиите додека не стигнат до вас.

Ве повикувам да ја искористите концентрацијата и енергијата за поголем успех на испитите кои ги имате оваа недела, апелирам да не дозволите да бидете манипулирани од дезинформации и злонамерни повици“ – стои во неговото обраќање.

 Тој ги потсети студентите дека МОН успеало да го зголеми износот за студентски оброк и износот на стипендиите, а платена е и разликата на стипендиите за претходниот период.Со тоа министерот Шакири смета дека уште еднаш МОН докажа дека работи посветено за студентите.

05.02.2024 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега