Ужас во Италија: Седум млади мажи од Египет силувале девојче во јавен тоалет

 

13-годишно девојче од Италија било брутално силувано од седум момчиња, наводно од Египет.

Нападот се случил во јавен тоалет пред дечкото на жртвата, кој бил претепан од момчињата и принуден да биде сведок на грозоморниот чин. По силувањето, полицијата влегла во јавниот тоалет каде извршиле целосна истрага.

Група млади мажи ја принудиле девојката на односи во паркот Вила Белини во Катанија, Сицилија околу 8 часот наутро на 30 јануари додека таа се шетала со 17-годишното момче.

-Двајца ме грабнаа мене, а другите моето момче. Потоа не одведоа во јавен тоалет. Беше како ноќна мора, немаше никој во тој момент, објаснила жртвата.

Како што изјавило девојчето, силувањето на двајцата момци траело околу 30 минути додека останатите гледале. По половина час мачење, парот успеал да се оттргне од нив и да повика полиција.

Досега се сослушани четворица од седумте напаѓачи, додека еден од нив се бранел молчејќи. Според извештаите, осомничените се тинејџери на возраст меѓу 15 и 19 години.

Девојчето успеало да идентификува тројца членови на бандата - малолетникот и возрасен млад човек кој ја силувал и уште еден Египќанец кој ја држел и ја спречил да избега.

Во идентификацијата на останатите пет членови на бандата, покрај еден од нив кој соработувал со истражителите, помогнало и момчето на 13-годишното девојче, кое било принудено да биде сведок на силувањето додека другите го држеле.

-Те молам, те молам, не ме повредувај, пушти ме да си одам, се зборовите со кои девојчето очајно се обидувало да ги одврати седумте членови на бандата, од кои тројца малолетни, на 30 јануари.

05.02.2024 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега