Евакуација на појасот Газа: Половина од жителите бараат засолниште од бомбардирањето
Набљудувачите на Обединетите нации изјавија дека наредбата за евакуација на појасот Газа опфаќа 246 квадратни километри или две третини од територијата на палестинската енклава.
Десетици илјади луѓе побегнаа и продолжуваат да ја напуштаат областа, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) во најновиот дневен извештај за хуманитарната ситуација во Газа.
Повеќе од половина од населението на Газа од околу 2,3 милиони луѓе сега се наоѓа во градот Рафа, на границата со Египет и околните области, соопшти OCHA.
На почетокот на војната, израелската армија ги предупреди Палестинците во северниот дел на Газа да ги напуштат своите домови, за да излезат од областа каде што се спроведуваат копнени операции.
Како што продолжија борбите, израелските наредби за евакуација се проширија на јужните делови на Појасот Газа, вклучувајќи го градот Кан Јунис и околните области, кои моментално се во фокусот на израелската копнена офанзива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа