Љупчо Коцевски е нов државен јавен обвинител

 

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го именуваше Љупчо Коцевски за јавен обвинител.

Коцевски на функцијата доаѓа на местото на Љубомир Јовески, чијшто мандат заврши во декември, а изминатите два месеци, должноста Републички јавен обвинител ја вршеше Соња Симовска.

Во пленарната сала за време на гласањето не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои претходно за време на расправата упатија бројни забелешки.

Коцевски работел како адвокат 16 години. Во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар, а пред повеќе од една година станува дел од републичкото јавно обвинителство. Бил дел и од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители, како и член на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство.

13.02.2024 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега