Тошковски се сретна со Дуџак: „Имаме одлична соработка со ОН“

 

Техничкиот министер за внатрешни работи денеска се сретна со Росана Дуџак - Постојан координатор на Обединетите Нации.
„Со г-ѓа Дуџак разговаравме за меѓусебната соработка за која се констатираше дека е на многу високо ниво и од година во година се продлабочува, а воедно констатиравме дека министерството за внатрешни работи е клучен, стратешки партнер на агенциите на ООН во земјава.
На средбата, ставив акцент на почитувањето на основните човекови слободи и права, поврзувајќи ги со правото на слободно движење кое им се ускратува на граѓаните со неможноста навремено да ги обезбедат своите патни исправи.
Во однос на потенцијалните области каде соработката би можела да се прошири на нови области, посочив дека е важно започнатите проекти и активности со Канцеларијата на ООН и агенциите во состав да се реализираат во целост, а новите предлози за соработка да се координираат браговремено како би дале целосен успех во насока на зајакнување на капацитетите на министерството за внатрешни работи“, информираше министерот на социјалната мрежа Фејсбук. 

14.02.2024 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега