Ременски оди во дипломатија - ќе биде конзул во Венеција
На 13 февруари Владата донесе одлука за генерален конзул и шеф на генералниот конзулат на Македонија во Венеција, Италија, да ја именува Фросина Ременски.
Потписник на оваа одлука е потпретседателот на Владата Фатмир Битиќи.
Фросина Ременски е редовна професорка на Факултетот за безбедност во Скопје. Како член на СДСМ беше пратеник, потпретседателка на Собранието и министерка за труд и социјална политика на Македонија. Таа беше обвинета во случајот „Рекет“ со Боки13 но Обвинителството не успеа да го докаже обвинението па таа беше ослободена.
15.02.2024 - 12:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа