Продолжува „војната“ на Пендаровски со ДУИ - Груби знае што ни кажа ЕУ

Претседателот на државата Стево Пендаровски преку Фејсбук им одговори на ДУИ зошто стави потпис на измените од Кривичниот законик, а не и на Законот за игри на среќа.

-За измените на Кривичниот законик имаше јасна европска Директива за конфискација на имот стекнат со криминал. Во тој дел, измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела. Никогаш за ниту еден закон Европската унија писмено не реагирала да не се злоупотребува европското знаменце пред воопшто тој закон да биде донесен, како што ЕУ постапи сега, во овој случај, во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, вели Пендаровски.

Вели дека дописот од Европската Унија, покрај до него, бил испратени и до Владата.

-Вицепремиерот Артан Груби како и сите членови на владата би требало да се запознаени со овој допис, вели Пендаровски.

15.02.2024 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега