Во авионот од Амстердам, врз патниците паѓале црви
Врз патниците на авионот на „Delta Air Lines“ од Амстердам до Детроит во вторникот паѓале црви.
Наводно, еден од патниците во рачниот багаж носел расипана риба и ја ставил во преградата над главите на патниците. За време на летот, црвите почнале да паѓаат врз патниците што седеле долу, пишува „Independent“.
Филип Шот, Холанѓанец кој живее во Ајова, изјави за „Фокс 2“ дека видел десетици црви како паѓаат врз патникот за време на летот.
„Навистина не знам што ми се вртеше низ главата. Се обидував да го обработам тоа. Одвратно“, рече Шот.
Тој вели дека стјуардесите пронашле торба од која испаѓале црви. Во неа нашле риба завиткана во весник. Пилотот тогаш најавил дека летот нема да продолжи туку авионот ќе се врати на аеродромот во Амстердам.
„Делта“ им се извини на патниците.
„Нивното патување беше прекинато поради неправилно спакуван багаж. Авионот се врати, а патниците беа прераспределени на следниот достапен лет. Авионот беше тргнат од употреба заради чистење“, соопшти авиокомпанијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа