Бонева ја поздрави одлуката на Кривичниот суд: Се потврди дека на СЈО беше политичка пресметка

 

 

Поранешната пратеничка Силвана Бонева ја поздрави одлуката на Кривичниот суд да биде ослободена за патните трошоци.

 

Вели, по шест години голгода победила правдата и вистината излегла на виделина.

 

-Со 21 сведок и 7.179 докази, се срушија како кула од карти лагите и клеветите дека божем нешто сум злоупотребила, исто како што се сруши со години повторуваната лага дека сум била рекордер во земање на патни трошоци.  Наместо Oбвинителството да го докаже обвинението дека сум поднесувала лажни фискални сметки, јас докажав дека Oбвинителството како докази против мене имаше подметнато туѓи фискални сметки од други лица, прикажувајќи ги како да се мои.  Го побив обвинението дека не сум патувала на седници од Струмица за Скопје и докажав дека патував додека  бев пратеник во тој период, a Собранието ми исплатило патни трошоци согласно закон, исто како и на другите пратеници, вели Бонева.

 

Според неа, ова е потврда дека прогонот на СЈО била чиста политичка пресметка.

 

-Дополнително, преку фотографиите постирани на фејсбук и сведоците, докажав дека не само што сум патувала на седници, туку и дека скоро на секои 2 дена во тој период патував на свој трошок на средби со граѓани низ целата држава, иако за такви активности Собранието не исплаќаше патни трошоци. Се потврди дека прогонот на СЈО беше чиста политичка пресметка, a обвинението против мене целосно неосновано и политички мотивирано. Му благодарам на Бога што ми даваше сила да го издржам оваа распетие! Им благодарам на сите вистински пријатели кои веруваа во мене и ми даваа сила да издржам! Се надевам дека конечно ќе почиваат во мир моите најмили, кои не го дочекаа овој ден! На сите оние платени ботови кои диригиано со години измислуваа, пишуваа и кажуваа секакви гадости за мене, со цел да ме девалвираат како човек и политичар, Бог нека им суди, вели Бонева.

 

16.02.2024 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега