Денес се регистрирани голем број на заразени: Големата кашлица зема замав во Скопје
Скопскиот центар за јавно здравје денеска регистрирал најмногу заразени со голема кашлица. Во главниот град има 7 нови случаи, од бебиња, училишни деца до возрасни и вкупната бројка достигна до 42. Најголем број се невакцинирани. Под епидемиолошки надзор се најблиските контакти а кај дијагностицирани што одат во училиште ги пребаруваат вакциналните картони во одделението или класот. Препораката на лекарите е да примат вакцина сите што имаат пропуштено или одложено, објавува Сител.
-За една недела имаме околу 550 вакцини дадено што е четирикратно повеќе од периодот пред да бидат дадени овие препораки. Секако дека треба уште повеќе, ние сме задоволни со оваа бројка но овој тренд треба да продолжи за да го стигнеме тој колективен имунитет кон кој се стремиме, вели д-р Бети Гелејчевска Илковска – пункт за имунизација Букурешт.
Епидемиолозите очекуваат бројките на заразени уште да растат бидејќи има многу што не се заштитени од болеста. Но како се применуваат препораките што ги даде Комисијата за заразни болести? Од Центарот за јавно здравје во Скопје велат дека на локално ниво уште на 8 ми февруари прогласиле епидемија во главниот град. Но никој незнае бидејќи многу градинки воошто не добиле известување за таква мерка согласно која не треба да примаат невакцинирани деца.
Не само кај нас, и во соседството имаат многу случаи на пертусис а имаат регистрирано и починати лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа