Касулидис „жали“ што Македонија не може да ги почне преговорите

Кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис синоќа во Брисел изјави дека Македонија може да ги почне пристапните прговори со ЕУ само токако прво ќе се реши грчко-македонскиот спор за името.

- Со жалење констатирам дека не можеме да донесеме позитивна одлука за отворање на пристапните преговори, заклучил Касулидис.

Грчките медиуми веднаш се осврнаа на оваа изјава и напишаа дека тој изјавил дека „не помага кога земјата праќа пораки дека не соработува за да се реши проблемот“.

18.12.2013 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега