Децата да не се изнесуваат на отворено - МТСП со препораки за загадувањето

Министерството за труд и социјална политика денеска даде предлог-мерки поради големото загадување на воздухот.

- Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, односно - бремените жени и на лицата над 60 години. Сите правни субјекти за делот од работите што ги извршуваат на отворено, односно имаат работници кои работат во надворешни услови, да ја организираат својата работа на отворено од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници, што од една страна ќе има влијание на заштита на работниците, а од друга страна ќе ја намали градежната активност што ќе придонесе за помала емисија на честички во воздухот, посочуваат од Министерството.

Од МТСП апелираат и во градинките и училиштата , да не се практикува физичка активност на отворено.

Од Министерството потсетуваат дека Владата на последната седница усвои поголем број на краткорочни мерки кои ќе важат до сабота, 21 декември 2013 година, кога повторно ќе се изврши реоценување на ситуацијата.

18.12.2013 - 10:18
Фото: 
турлитава

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега