Скопјанец за „влакно“ избегнал смрт во Карпош: „Висат струјни кабли - општинари, дали сте нормални“?

 

Револтиран скопјанец, кој за „влакно“ спасил жива глава, во Карпош реши да се огласи на социјалните мрежи. Имено, како што пишува на Фејсбук, во општина Карпош, струјни кабли виселе по улиците. Како што вели скопјанецот, за среќа се движел бавно со возилото, по што успеал да избегне голема несреќа.

„Општина Карпош НЕСРЕЌИ, дали сте нормални по не знам кој пат активни струјни кабли да ви висат по улици. Среќа се движев бавно со само 20-25км/ч…успеав по првиот кабел да протнам глава во линија со визир и да го избегнам но вториот беше поприлично пооптегнат, ме одврати назад и морав со се мотор доле. БАГРО НЕПИСМЕНА И ЛОПОВСКА, години наназад маме и расплакавте на општината со градби и други унаказувања а безбедност на улици ДНО!!! Дали сте свесни дека во оваа ситуација човек на мотор, велосипед или тротинет буквално може да му се откине врат или да го дрмне струја на лице место!!! Ќе поминеш илјадници километри во најекстремни услови, ќе се убиеш во двор. Улицата е “Борка Талевски” во правец спрема “Франклин Рузвелт”, 5ч:40мин! Бидете внимателни, доброто е што разденува па каблите се видливи, но со фактот како се реагира во нашево проклето државиче на идиотиве може ќе им бидат потребни денови за да ги отргнат!!!“, се вели во објавата на скопјанецот. 

20.02.2024 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега