БЕГ со предлог-мерки за намалување на загадувањето на воздухот

Балкан Енерџи Груп предлага мерки за намалување на загадувањето во град Скопје.

Компанијата наведува дека главен извор на загадувањето на градот Скопје посочен од надлежните институции е согорувањето на фосилни горива (мазут, нафта, јаглен) и дрва при затоплувањето на станбените и деловните објекти.

- Ја делиме загриженоста на граѓаните и чувствуваме потреба и одговорност пред јавноста, да го ставиме на располагање сиот свој технички и стручен потенцијал со цел да дадеме придонес во надминувањето на овој сериозен проблем. Балкан Енерџи преку системот за централно греење испорачува еколошки чиста енергија за затоплување бидејќи сите наши топлани работат на природен гас, кој е еколошки најчистиот енергенс. Техничкиот капацитет на топланите и дистрибутивната мрежа во овој момент е двојно поголем од потребите на нашите потрошувачи. Од друга страна голем дел од потрошувачите кои користат фосилни горива и дрва за затоплување веќе имаат приклучок или со мали инвестиции може да се приклучат кон системот за централно затоплување, велат од компанијата.

Според БЕГ мерките на Владата ќе придонесат за брз и непосреден ефект во намалувањето на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот. 

18.12.2013 - 10:34
Фото: 
ит.ком.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега