Апсиев ќе собира потписи за кандидатурата на Ванковска

 

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев и проф. Билјана Ванковска денеска и официјално ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за Претседателските избори 2024 година до ДИК.

Рокот за собирање потписи започнува во петок (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок).

- Поддршката за кандидатурата на проф. Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот. Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата!, се наведува во соопштението од политичката партија Левица.

 

21.02.2024 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега