Заштитниот сведок денеска ќе открие детали за масакрот кај Смилковци
Заштитниот сведок денеска во Основниот суд Скопје 1 ќе просведочи за преткратното монструозно убиство кај Смилковското Езеро кое се случи во април минатата година.
Како што пренесува Плусинфо, сведокот ќе се обрати преку ТВ екран, со заматен лик и изменет глас, а судењето ќе биде затворено за јавноста. Исказот исто така ќе биде класифициран како информација која ќе биде забранета за јавноста, со цел да не се наштети на постапката.
Ова е втор заштитен сведок во случајот „Монструм“.
18.12.2013 - 11:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа