Чаен колбас и млечни производи со природни состојки

Реализирање проекти за иновативни прехранбени производи без синтетски бои и какви било додатоци, т.н. „clean label“, ќе овозможи првата канцеларија на данската фирма Chr Hansen во Македонија.  

Како што вели раководителот Мери Илиеска, станува збор за дел од глобалната стратегија на Chr Hansen чија цел е воспоставување соработка меѓу науката и индустријата.

- Ги следиме големите и глобални идеи на 21. век кои  вклучуваат промени при изборот на млад кадар во индустриите, мерење колку студентите може да го применат стекнатото знаење, а не колку време поминале на факултет. Сакаме да се потенцира значењето на истражувачките проекти во соработка со прехранбената индустрија. Лоцирани сме на Факултетот за да бидеме со науката, да им овозможиме практична примена на науката на студентите преку изработување проекти за потребите на прехранбениот сектор, објаснува Илиеска.

На отворањето на канцеларијата студентите од Катедрата за млеко и месо при ФЗНХ ќе извршат дегустација млечни и месни производи и ќе го презентираат својот проект. Гостите, пак, ќе имаат можност сами да се уверат во доделената непристрасна оценка.

 

 

18.12.2013 - 11:16
Фото: 
тинрадио

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега