Бојмацалиев: Декември и јануари 2021 и 2022 имаше по 50.000 апликации, 2023 во тие месеци имаше 170.000 апликации и МВР е подготвено да ги услужи сите граѓани
Дополнителниот заменик министер за внатрешни, Бојмацалиев вели дека бројот на апликации за лични документи драстично е зголемен е драстично зголемен од јануари.
Во гостување на ТВ 21 прстот го посочи кон кон социјалните медиуми и телевизиите, велејќи се водела политичка битка дека ќе се укинел Преспанскиот договор.
-Ако ги земеме статистичките податоци кои ги потенцирам изминативе денови, ние 2021 и 2022 месеците декември и јануари имаме некаде бројка околу 50.000 барања на луѓе за смена на некој личен документ. И тоа мислам дека тие бројки беа ниски заради таа политичка битка која се водеше на социјалните медиуми и телевизиите дека ќе се укине Преспанскиот договор. Тоа траеше до моментите кога и граѓаните увидоа и самите политичари признаа дека нема да го менуваат Преспанскиот договор, дојдовме до ситуација кога МВР овој декември и јануари прима над 170.000 апликации. Со тоа сакам да потврдам дека МВР е подготвено да прими и толкав број на апликации, да ги услужи граѓаните и во одреден момент да им ги издаде патните документи. И вчера како што знаете, добивме одредена пратка на обрасци и темпото на издавање продолжува со несмален интензитет, потенцираше Бојмацалиев.
На сугестија на новинарот дека МВР треба во секое време да биде подготвено со доволен број обрасци, без разлика дали граѓаните сите наеднаш решиле во последен момент да ги сменат личните документи, Бојмацалиев тврдеше дека МВР е подготвено да ги задоволи потребите на граѓаните.
-МВР и кога го правел планот, извадени се податоци дека има 1.803.000 кои поседуваат патна исправа и направила рамковна спогодба која ќе обезбеди некаде околу 2.000.000 обрасци. Со последната тура од 145.000 од синоќа и тие што ги чекаме за некој ден 85.000 ќе имаме вкупно досега стигнати 1.700.000 обрасци. Тоа ќе ја покрие целата потреба од обрасци во овој период. МВР планирало и имало точно правец и динамика во која се движи. И били подготвено за сите сценарија и кога имало 20.000 и кога има 2.000 и кога има 170.000 апликации, истакна Бојмацалиев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа