Лефков: Пендаровски откако ги потпишаа договорите тврдеше дека само што не сме влегле во ЕУ


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков ба денешната прес-конференција изјави дека откако владата на СДС и Пендаровски ги потпишаа Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, тврдеа дека само што не сме влегле во ЕУ.

Стево Пендаровски ги убедуваше граѓаните дека тој и владата на СДС ги затвориле сите отворени прашања со соседите, и дека сега никој не не опструира, напротив ни помагале и Грција и Бугарија, вели Лефков.

„Пендаровски потенцираше дека нема ниту едно отворен крупно прашање. Неколку години подоцна Македонија е подалеку од ЕУ од кога било порано, а односите со Бугарија се полоши од времето за кое Пендаровски и СДС тврдеа дека биле лоши. Наместо напредок и отворање на преговорите со ЕУ, имаме нови барања и диктати. Наместо соработка на рамноправна основа, имаме асиметрични односи, во кои Македонија е страната која само дава, а ништо не добива. Политиката на веднење кичма на Пендаровски и СДС ја донесе Македонија во понижувачка позиција. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, рече Лефков.

04.03.2024 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега