Времето денеска облачно, попладне дожд


Променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

06.03.2024 - 08:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега