Борис Бекер стана тренер на Ноле

 

Германскиот тенисер  Борис Бекер е новиот тренер на шампионот  Новак Ѓоковиќ.

Како што пишуваат  српските медиуми соработката на вториот светски рекет Ѓоковиќ со новиот тренер ќе започне следниве денови кога ќе стартуваат со подготовка за првиот Грен Слем во 2014година „Австралија Опен“.

Бекер освен во Мелбурн ќе патува со Ѓоковиќ и на турнирите во Дубаи, Мајами, Монте Карло, Рим, Париз (Ролан Гарос), Лондон (Вимблдон), Синсинати, Њујорк (УС Опен), Шангај, Париз (Мастер) и Лондон (Мастер).

Германецот кој своевремено беше прв на АТП листата има освоено 64 АТП титули од кои шест се победи на Грен Слем турнирите.

- Горд сум што добив покана од Ѓоковиќ да бидам негов главен тренер. Верувам дека можеме да постигнеме големи резултати и ќе направам се што можам за да му помогнам во походот кон нови титули, изјави Бекер.

Во стручниот штаб на српскиот тенисер останува и досегашниот главен тренер Марјан Вајда. Тој во улога на тренер ќе го предводи Ѓоковиќ на турнирите во Индијан Велс, Мадрид, Торонто и Пекинг.

18.12.2013 - 13:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега