Детектор: Над 40% граѓани се уште немаат пасош – 25% откажале патувања

Над 40% граѓани се уште немаат пасош – 25% откажале патувања , покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Еден на четири граѓани рекол дека поради проблеми со постапката на обнова на документите морал да откаже веќе планирано патување, додека 66% од анкетираните го немале овој проблем. Најголем проблем при патувањата очекувано имале граѓаните на возраст од 30 до 40 години, каде дури 36,4% од анкетираните морал да откажат патување бидејќи немале пасош. 

Во моментов, најмногу граѓани немаат нов пасош, а најголем е бројот на оние кои извадиле нова лична карта. 

Па така, 43% од анкетираните се уште не извршиле промена на пасошот. Уште 34% чекаат за промена на лична карта и уште 33% за возачка дозвола. 
Над 63% од граѓаните веќе имаат нова лична карта, додека 43% имаат нов пасош и уште 43% нова возачка дозвола.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.

10.03.2024 - 17:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега