Драма во воз: Со нож се заканувал на 18-годишник

 


Во близина на германскиот град Штутгарт уапсен е 29-годишен хрватски државјанин, бидејќи е осомничен дека со нож се заканувал на 18-годишник.

Кај уапсениот полицијата пронашла неколку ножеви, како и помала количина на наркотици, јавува магазинот „Феникс“.

„Заканата со нож се случила во петокот вечерта околу 18 часот во возот меѓу Манхајм и Штутгарт и во возот меѓу Штутгарт и Еслинген. Според првичните информации, двајца мажи на возраст од 18 и 29 години прво вербално се судриле од непознати причини во возот на релација Манхајм-Штутгарт“, се вели во соопштението на германската полиција.

Полицијата соопшти дека мажот, 29-годишен Хрват, извадил нож од џебот и со него му се заканил на помладиот (18). Го следел во возот за Улм. Тој постојано му се заканувал со нож и го навредувал. Сведокот за се го известил возачот.

Полицијата го фатила Хрватот кога возот застанал, а при претресот пронашла помала количина на наркотици и неколку ножеви.

12.03.2024 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега