Амиџиќ ги зеде синот и сопругата од болница, гордите родители на Перун не ја кријат среќата

 

Водителот на телевизија Пинк, Огнен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ пред два дена добија син, а популарниот водителски пар денеска го напушти породилното одделение со наследникот.

Тие со насмеани лица го напуштија родилиштето во Нов Белград, а на нивната среќа како што можеме да видиме немаше крај.

Како што објавија медиумите, Мина роди здраво момче, иако претходно се пишуваше дека парот очекува ќерка, а на синот му дале необично име со словенско потекло – Перун.

12.03.2024 - 17:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега