ДСЗИ: Од понеделник во градинка деца со три дози вакцини против пертусис
Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат Рената Младеновска најави дека денеска ќе и биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести со што ќе се овозможи од понеделник во градинките да се примаат деца кои ја имаат комплетирано вакцинацијата со три дози против пертусис.
ДСЗИ неделава изврши стотина вонредни инспкциски надзори низ градинки во кои, како што рече, е утврдено дека се почитува решението за забрана за прием на целосно или делумно вакцинирани деца.
Во однос на значително повисокиот процент на вакцинирани деца во внатрешноста од над 95 проценти, наспроти во Скопје каде 50 отсто не се вакцинирани, Младеновска оцени дека родителите во другите градови во внатрешноста се поодговорни.
Младеновска најави дека ДСЗИ ќе продолжи со инспекциите и во наредниот период.
Комисијата за заразни болести вчера препорача децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината да може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат за шест месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа