Тадиќ: Бог ме спаси да не учестувам во прествртниот момент по Косово
Борис Тадиќ почесниот претседател на Демократската партија и поранешен претседател на Србија, призна дека можеби бог го спаси да не учествува во пресвртните моменти по Косово, како што тоа неодамна го опиша владиката Григориј.
„Можеби ме спаси на некој начин. Секој кој се занимава со политика мора да ги види годините пред себе. Јас не ги видов баш среќните години пред нас кога во 2004 година бев избран. Можеби бог ме спаси, но бев подготвен и да не ме спаси“, изјавил Тадиќ.
Тој смета дека Бриселскиот договор ќе биде спроведен во поголем дел и тоа Србите од северот нема да можат да го изменат.
Верувам дека на крајот ќе биде постигнат некаков договор, можеби некои политички и деловни луѓе на северот имаат асиметрична позиција, но верувам дека се ќе излезе во најдобар ред, затоа што мнозинството Срби сакаат агонијата да се реши. Граѓаните на Србија не сакаат повеќе Косово да биде камен на нивниот врат, туку прашањето да се реши.