Детектор: Во Македонија сме поподложни на лажни вести отколку други земји

 


Речиси половина од граѓаните сметаат дека Македонците се поподложни на лажни вести, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 47,6% од анкетираните се на ставот дека споредено со други земји, граѓаните на Македонија се повеќе подложни на дезинформации и лажни вести. 34,4% не гледаат некоја разлика додека само 7% се на ставот дека во другите земји граѓаните се поподложни на лажни вести од Македонците.

Третина од етничките Албанци и половина од Македонците сметаат дека во Македонија граѓаните се поподложни на лажни вести споредено со граѓаните на други земји.

Оттука, близу две третини или 62,6% од анкетраните сметаат дека медиумската писменост треба да се вклучи во образовниот процес во основното и средното образование.

Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања врз репрезентативен примерок од 1078 испитаници во периодот од 21 до 24 март.

31.03.2024 - 16:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега