Полицијата во Дубаи го уапсила Шеваљ Муареми, па го ослободила
Шеваљ Муареми вчера неколку часа поминал во полициска станица, но бил пуштен на слобода.
Ова доаѓа откако македонското МВР распиша меѓународна потерница.
ТВ21 јавува дека Муареми бил пуштен бидејќи тамошните власти му рекле дека нема доволно докази поради кои може да биде задржан. Против него биле доставен докази од апликацијата Sky, кои истражните органи во Дубаи не ги признаваат за релевантни.
За него на 4. март беше распишана меѓународна потерница. Муареми е осомничен како предводник на групата од Грчец која убивала и пренесувала дрога, а беше откриена преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.
„Муареми Шеваљ, татко Азби мајка Азбије, род.18.11.1977 год. во Скопје, живее на ул„.5“ бр.1 село Грчец, општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК-Скопје со Наредба КО БР.15/24 од 30.01.2024 година. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.123 ст.2, чл.394 ст.3 и чл.215 ст.3 од КЗ на РСМ.“, се наведува во потерницата на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа