Руски Газпром влегува во ФК Вардар со 25 милиони евра?
Руската компанија за производство и дистрибуција на гас „Газпром“ би можела во наредните десет години да инвестира во Вардар, а планирано е да потроши околу 25 милиони евра, пренесува „Македонски спорт“.
Ваквата ситуација би можела да се случи откако Градот Скопје се реши да ги продаде мнозинството акции 51 од клубот.
Токму „Газпром“ се споменува како еден од главните конкуренти за купување на акциите и превземање на клубот. Во тој случај раководството на црвено црните би располагале со буџет од 2,5 милиони евра, односно 25 милиони за десет години.
Русите планираат да ги превземат и акциите од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. На тој начин ќе стекнат со 80% од сопственоста, додека останатите 20% од акциите ќе ги имаат компаниите од Македонија или од странство.
Засега не е познато дали Самсоненко е врската за ваквата можна инвестиција, но се шпекулира дека и тој би поседувал дел од акциите.
Доколку се оствари ваквата инвестиција тогаш е јасно кој ќе доминира во наредните годими во домашното првенство, ако се земе во предвид дека Вардар и во овој момент со далеку помал буџет „растура“ во македонскиот шампионат.
Освен освојување на домашни титули, целта секако ќе биде и градење силен тим за европската фудбалска сцена.
Оваа компанија е спонзор на повеќе европски клубови, а меѓу нив Шалке, Зенит, Црвена Звезда...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа