Норвешка: Министерката за здравство си ги спакува куферите откако ја фатија со плагијат магистерска

 

Министерката за здравство на Норвешка, Ингвилд Кјеркол (48) денеска поднесе оставка по обвинувањата дека нејзината магистерска е плагијат. Универзитетот Норд во Бодо, каде што ја поднела магистерската во 2021 година, по извршената истрага вчера потврди дека нејзината магистерска е плагијат.

Дојдовме до заклучок дека Ингвилд треба да поднесе оставка од функцијата министер, изјави премиерот Јонас Гар Стур, додавајќи оти истрагата утврдила дека плагијатот бил „намерен“.

Кјеркол истакна дека таа и коавторот „немале намера да копираат туѓи достигнувања“.

– Иако боли затоа што не ви веруваат, мора да го прифатиме фактот дека Универзитетот има поинакво мислење, истакна Кјеркол на заедничката прес-конференција со Гар Стур.

Таа ја презеде функцијата во октомври 2021 година, кога Гар Стур ја претстави коалициската влада, составена од неговата Лабуристичка партија и Партијата на центарот.

12.04.2024 - 17:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега